Дома Фудбал Италија Роналдо седнува на преговори со директорите на Јувентус

Роналдо седнува на преговори со директорите на Јувентус

Суперѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо ќе има разговори со директорите на клубот во следните денови на кои ќе се разговара за неговата иднина.

36-годишниот Португалец има договор на уште една година со Јувентус, но се посилни се шпекулациите дека може да си замине ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа ќе се случеше со сигурност доколку „старата дама“ не обезбедеше пласман во ЛШ, а сега ќе треба двете страни да седнат на маса и да донесат одлука.

Јувентус е спремен да му ја отвори излезната врата на Роналдо за да се ослободи од неговата висока плата, која изнесува 31 милион евра.

Од друга страна пак Роналдо има понуди од ПСЖ и Спортинг Лисабон и сака добро да размисли пред да донесе одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…