Кристиано Роналдо на репрезентативниот собир замина незадоволен, тоа можеше да се заклучи по неговата ракција откако Маурицио Сари го замени против Милан.
Роналдо во натпреварот со Милан беше заменет во 55-тата минута, а го напушти „Алијанц Стадионот“ пред завршувањето на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Седум дена откако со Португалија се избори за настап на Европското првенство Роналдо се огласи за целата ситуација.
„Во последните три недели сум многу револтиран и се обидувам да ги докажам моите квалитети. Бев сменет на последните два меча, а сите знаете колку не го сакам тоа. По измените, во моите гестикулации и изјави нема ништо контроверзно. Се обидов да му помогнам на Јувентус, иако бев повреден, но дури и во таква ситуација не сакам да бидам сменет“, изјави Роналдо.
Освен тоа медиумите во Италија пишуваат и дека Роналдо пронашол начин како да се извини на целиот тим. Имено, Португалецот одлучил да го собере целиот тим на вечера во недела после натпреварот на Јувентус против Аталанта (15:00 часот).