Дома Фудбал Останато Роналдо додека траеше церемонијата порача: По ноќта секогаш, доаѓа утрото (ФОТО)

Роналдо додека траеше церемонијата порача: По ноќта секогаш, доаѓа утрото (ФОТО)

Денес Лионел Меси беше избран за најдобар фудбалер во 2019 година.

Во потесна конкуренција за добивање на оваа награда беа Кристиано Роналдо и Вирџил Ван Дајк.

Роналдо не се појави на церемонијата на доделувањето награди иако таа се одржуваше во Италија, во Милано и не му беше така далеку.

За време на церемонијата Роналдо објави фотографија како опуштено во својот дом чита книга.

„Трпеливоста и упорноста се две карактеристики што го разликуваат професионалецот од аматерот. Сè што е големо денес, започна од нешто мало. Имајте на ум дека по ноќ секогаш доаѓа утрото“, гласи текстот под фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чиро Имобиле: Одлука за пензија и амбиции за иднината

Чиро Имобиле објаснува зошто се пензионираше и открива дека би сакал да биде селектор на И…