Дома Топ вести Роналдо не е задоволен во Јувентус, Мендеш му бара нов клуб

Роналдо не е задоволен во Јувентус, Мендеш му бара нов клуб

Кристијано Роналдо е незадоволен во Торино и по завршувањето на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пренесува дека  36-годишниот Португалец го замолил својот агент, Жорге Мендеш, да му најде нов тим.

Наводно Роналдо после елиминацијата од Порто во Лигата на шампиони целосно се оддалечил од тимот, а тоа се одразува на резултатите.

Наводно Манчестер Јунајтед сака да го врати во своите редови, а Роналдо нема ништо против да се врати на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, Португалецот ќе треба да прифати значително намалување на платата, бидејќи никој клуб не е спремен да му понуди 30 милиони евра по сезона, колку што заработува сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…