Дома Фудбал Роналдо: На 20 години правев работи кои сега не можам!

Роналдо: На 20 години правев работи кои сега не можам!

Кристиано Роналдо во опширно интевју за „GQ“ зборуваше за својот приватен живот, амбициите и моменталната форма.

Португалецот кој пред неколку дена наполни 33 години истакна дека за него најважен е балансот и дека многу внимава на својата физичка спремност.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Животот е предизвик. Јас се обидувам да продолжам на највисоко физичко ниво поради мојата професија. Потребно е секогаш да бидам 100% спремен, а за тоа се потребни многу жртви. Јас на 20 години правев работи кои сега не можам да ги правам. Потребно е да имаш баланс. Малите детали ја прават разликата“, изјави Кристиано Роналдо.

„На личен план се е фантастично. Семејството ми стана поголемо и многу сум среќен. На професионален план имав две одлични години во кои освоив многу важни трофеи со клубот и репрезентацијата“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Барселона е незадоволна. Тренерот: Не разбирам. Не треба вака да се реагира.

Фудбалерите на Барселона, Ансу Фати и Хектор Форт, го изразија своето незадоволство затоа …