Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо денес тренираше на стадионот во родниот град Фуншал на островот Мадеира, пренесоа португалските медиуми.
Тој со семејството е во Мадеира од 9-ти март, откако неговата мајка беше примена во болница. Не се врати во Торино бидејќи беше во самоизолација откако на неговиот соиграч Ругани беше позитивен на коронавирус.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Роналдо заедно со своето семејство беше во изолација во луксузна вила во родната Мадеира, но наскоро ќе се врати во Торино.
Јувентус ги повика сите странски фудбалери да се вратат во Торино, каде 14 дена ќе бидат во изолација и ќе тренираат по специјална програма, а после две недели ќе се обноват тренинзите на тимот.