Дома Фудбал Останато Роналдо и Роналдињо го дадоа своето мислење на вечното прашње: Кристиано или Меси?

Роналдо и Роналдињо го дадоа своето мислење на вечното прашње: Кристиано или Меси?

Статусот на Лионел Меси и Кристиано Роналдо како двајцата најдобри на денешницата (според многумина и на сите времиња) констатно доведува до дебати и прашања: Кој е подобар од нив двајца?

Во дебатата сега се вклучија легендарните бразилци Роналдињо и Роналдо. Заклучок е дека одлучуваат вкусовите, а двајцата се одлучија за ист играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдињо кој со Меси играше во Барселона призна дека не поминал доволно време со Аргентинецот во екипата и би сакал да играле повеќе заедно.

„Меси. Би сакал да игравме повеќе заедно. Немав доволно време со него, беше многу млад. Би сакал да излеземе на терен уште еднаш во ист дрес…Тој е најдобар во историјата без сомневање. Никој не може да игра како него. Вториот (Роналдо) е комплетен, има се…Но и Меси, па така е прашање на вкус јас го преферирам Меси“, објасни Роналдињо.

Роналдо, „Феноменот“ неодамна го „бранеше“ Кристиано во расправата за „вистинскиот Роналдо“. Сепак, тој верува дека Меси е покомплетен.

„Меси не е од овој свет. Таков е и Кристиано, но во Лео гледам покомплетен играч…Се што прави е спектакуларно“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал ја прослави титулата, Анчелоти направи шоу🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид ја прославија шампионска…