Дома Актуелно Роналдо и денес главна тема – ПЕТ причини поради кои би заминал!

Роналдо и денес главна тема – ПЕТ причини поради кои би заминал!

ronaldo

Информациите кои се појавија во текот на вчерашниот ден изгледа дека се потврдени, а и кога се ќе се собере, Роналдо има повеќе причини да ги напушти „кралевите“…

Не запираат да пристигнуваат информации за заминување на Роналдо од Реал, денес Рамос одби да ја коментира ситуацијата со порака дека не знае што се случува. Медиумите блиски на клубот, значи оние од Мадрид, не негираат дека нешто се случува во клубот и наведуваат пет причини зошто Роналдо би го напуштил Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


1. Договорот кој го има е многу послаб од оние на Меси и Нејмар. Сегашниот и поранешниот фудбалер на Барселона заработуваа неспоредливо повеќе, додека Роналдо добива 21 милион евра по сезона. Наводно добил ветување минатото лето дека ќе добие подобрување на договорот, но тоа не се случи.

2. Роналдо има проблем со дел од навивачите, смета дека на трибините и во клубот не го ценат доволно и дека тоа на некој начин е порака дека треба да си замине.

3. Гласините дека Нејмар би можел да пристигне во Реал Мадрид наводно го погодиле. Не во 2021 година, туку веќе наредното лето. Перез смета дека ПСЖ ќе има големи проблеми со ФФП и ќе мора да продава. Тој наводно е спремен да го понуди и Асенсио како дел договорот.

4. Бензема. Односно одлуката Французинот да биде продаден. Познато е дека Кристиано е силно против тоа, во прашање е неговиот омилен соиграч.

5. Проблемите со данокот. Ова можеби е причината која има најголемо влијание. Имено, Роналдо во Англија би имал прилика да заработува многу повеќе поради различните закони во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…