Најдобриот фудбалер на светот и прва ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо се уште не покажува бело знаме и верува во силата на својот тим.
Роналдо не беше дел од тимот на синоќешниот меч против Леганес, после кој „кралевите“ шокантно беа елиминирани од Купот на кралот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Веднаш после натпреварот Португалецот преку социјалните мрежи упати силна порака до сите во клубот и им даде надеж да не се предаваат.
„Горе главите соиграчи. Горе главите мадридисти. Имаме уште битки за освојување“, напиша Роналдо на својот профил на Фејсбук.