Кристијано Роналдо остана без клуб и моментално не размислува за следниот чекор во кариерата, бидејќи е фокусиран на Светското првенство. Иако утрово се појави информација дека би можел во бразилски Фламенго (ТУКА).
Меѓутоа Роналдо знае каде сигурно нема да продолжи – во Саудиска Арабија. Португалецот не е ни блиску до трансфер во Ал Наср. Роналдо и понатаму цврсто верува дека може да игра во Европа и во Лигата на шампионите, што останува негов приоритет во јануарскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жорж Мендеш има тешка задача да му најде клуб, нема многу опции во јануари, кога е многу потешко да се најде адекватно решение отколку во текот на летото.
Доверливиот Руди Галети пишува дека Роналдо повеќе е заинтересиран да оди во МЛС отколку во Арабија и дека шансите да замине во Америка се многу поголеми од претходно. Претходно тој беше поврзуван со Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам, а Гонзало Игуаин неодамна се пензионираше таму.
Заклучокот е дека Роналдо до 31 јануари ќе се обиде да најде клуб кој игра во Лигата на шампионите, доколку не успее во тоа Америка звучи како реална опција. Освен ако не го освои Светското првенство, тогаш вети дека ќе се пензионира…