Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо е најголемиот кошмар за Симеоне и Атлетико Мадрид

Роналдо е најголемиот кошмар за Симеоне и Атлетико Мадрид

Aтлетико Мадрид на повторениот ждреб го доби Манчестер Јунајтед.

На ждребот кој прво се одржа во 12:00 часот Атлетико го доби Баерн. Меѓутоа ждребот се повтори затоа што од Атлетико се пожалија затоа што Манчестер Јунајтед не беше ставен во нивните можни опции. Тоа беше грешка, УЕФА си ја призна и го повтори ждребот. Топчињата сакаа Атлетико потоа за противник да ги добие токму „црвените ѓаволи“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Она што не е добро за Симеоне и неговата екипа е што Роналдо сега игра во Манчестер Јунајтед. Атлетико Мадрид под водство на Симеоне примил четири хет-трика од Португалецот.

Во кариерата Роналдо одигра 35 натпревари против Атлетико, постигнал 25 гола и поделил 9 асистенции. За Давид Де Геа ова ќе биде враќање пред публиката каде што се прослави пред да премине во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…