Дома Фудбал Роналдо го сруши Пеле, Меси му гледа во грб!

Роналдо го сруши Пеле, Меси му гледа во грб!

„Му се восхитувам. Ако морам да создадам репрезентација, тој би бил мојот прв избор“, изјави Пеле за играчот кој во репрезентацијата го сруши неговито подвиг.

„Естадио де Беса“ во Порто влезе во историјата како место каде што Кристиано Роналдо го прескокна најдобриот фудбалер на сите времиња. Португалскиот фудбалер во победата на неговата репрезентација над Фарските Острови (5:1) во квалификациите за СП, постигна три гола и така во 144. настап за Португалија дојде до 78 гола за националниот тим.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Пеле во 92 натпревари за Бразил постигна 77 гола, но од сега пред него е Кристиано Роналдо.

Го прескокна импресивно. Веќе во третата минута постигна прекрасен гол со „ножички“. Бернандо Силва центрираше од десната страна, а Роналдо постигна гол со акробатско фрлање. Во 29. минута од пенал постигна гол каде што се изедначи со Пеле. Конечно, во 65. минута, Вилијам Карваљо му асистираше за 78. гол во репрезентацијата и за рушење на рекордот на Пеле.

Секако, во оваа приказна „некој недостасува“, а сите знаеме за кого станува збор. Кога разговараме за најголемите на сите времиња, тогаш со споменатите двајца во конкуренција е уште само Лионел Меси.

Со оглед на головите за репрезентацијата, Меси е далеку зад Ронадло и Пеле, бидејќи во 118 настапи за Аргентина постигна 58 гола.

За да го достигне Роналдо му недостасуваат 20 гола. Тоа е сериозна бројка дури и за Меси. Надежта да го достигне најголемиот ривал му ја дава неговата возраст, бидејќи Роналдо (32) е постар од него две и пол години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …