Актуелниот италијански шампион Јувентус имаше уште едно бледо издание против Торино и се спасуваше од пораз, па најверојатно се прости од Скудетото.
После шокантниот пораз од Беневенто, Јувентус вечерва покажа дека е далеку од најдобрата форма иако прв дојде во водство во градското дерби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Киеза потврди дека е една од ретките светли точки кај „старата дама“ и постигна прекрасен гол во 13-та минута.
Потоа заигра Торино и веќе во 27-та минута Санабрија израмни на 1:1, резултат со кој се замина на одмор.
На стартот на вториот дел „биковите“ дојдоа во водство исто со гол на Санабрија, а во 81-та минута Роналдо го спаси Јувентус од пораз.