Кристијано Роналдо (38) ужива во Саудиска Арабија каде во првите 11 натпревари оваа сезона за Ал-Наср постигна 12 гола.
Binance, компанија која тргува со криптовалути, организираше необично интервју со португалската напаѓачка легенда за време на кое Роналдо беше поврзан со детектор за лаги.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Интервјуерот му постави низа прашања да или не, како на пример дали некогаш го впишува своето име во Гугл, а Роналдо искрено призна дека го прави тоа.
Едно од поинтересните прашања што го доби е дали ќе ги замени петте титули во Лигата на шампионите за еден златен медал од светските првенства.
По малку размислување, Роналдо рече дека нема. Во неговата голема кариера единствено што недостасува е титулата светски шампион.
Освои се со клубови, а со Португалија титула европски првак во 2016 година.
Во дебатата за најдобриот фудбалер на сите времиња, повеќето му даваат предност на Лео Меси токму поради тоа што Аргентинецот лани во Катар го крена најценетиот трофеј воопшто во спортот.
Да потсетиме дека Роналдо освои една Лига на шампиони со Манчестер Јунајтед и четири со Реал Мадрид.
Во историјата на Лигата на шампионите тој е прв стрелец со 140 гола, а во кариерата има 850 што го прави најдобар стрелец во историјата на фудбалот, броејќи само голови на официјални натпревари.
Меси моментално има 818 голови, но има повеќе асистенции и трофеи.