Дома Фудбал Италија Ронадло направи одличен потег кон Дибала по натпреварот против СПАЛ

Ронадло направи одличен потег кон Дибала по натпреварот против СПАЛ

ronaldo dybala

Фудбалерите на Јувентус во саботата на свој терен ја победија СПАЛ со 2:0 во рамките на шестото коло од италијанската Серија А.

Старата дама дојде до нова победа со головите на Пјаниќ и Роналдо и во добро расположение ќе го дочека големото дерби против Интер кој во моментов е лидер во Серија А. Шанса од првата минута на овој натпревар доби Диабала кој не се наигра во Јувентус во претходните година дена. Но, изгледа дека Сари му верува повеќе од Алегри што сигурно го радува Аргентинецот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Италијанските медиуми во последно време пишуваа дека Диабала не е во најдобри односи со Роналдо, но ова дуо тоа го демантираше. Диабала беше асистент на голот на Роналдо, а Португалецот по натпреварот направи одлична работа. „Gazzeta dello Sport“ објави дека Роналдо по натпреварот му рекол на Диабала дека одиграл одличен натпревар и му се заблагодарил за соработката.

На Аргентинецот тоа сигурно ќе му даде самодоверба, а Роналдо и Диабала би можеле да станат смртоносен тандем на Јувентус доколку вака продолжат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите на Кадиз избегнале голема трагедија!

Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој лен…