Дома Трансфер зона Ромеро пристигна на прегледи во Јувентус (фото)

Ромеро пристигна на прегледи во Јувентус (фото)

Дефанзивецот на Џенова, Кристиан Ромеро денес пристигна на лекарски прегледи за да го финализира трансферот во Јувентус.

21-годишниот Аргентинец кој имаше одлична сезона во Серија А треба да ги мине рутинските лекарски прегледи и ќе стави потпис на договор со „старата дама“ до 2024 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јувентус го договори дефанзивецот уште пред неколку месеци за 20 милиони евра, но Ромеро следната сезона ќе ја помине во Џенова како позајмен фудбалер.

Тренерот Сари на распоолагање ги има Киелини, Бонучи, Ругани и се очекува во секој момент да пристигне и Де Лихт, па јасно дека Аргентинецот нема да има голема минутажа ако остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…