Дома Трансфер зона Рома ја постави цената за Џеко, Интер не сака да ја плати

Рома ја постави цената за Џеко, Интер не сака да ја плати

Челниците на Рома и Интер никако не можат да најдат заеднички јазик околу обесштетувањето на босанскиот репрезентативец Един Џеко.

Иако Џеко веќе има комплетен договор со „нероаѕурите“, сепак проблем е сумата која ја бара Рома за неговата слобода.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Рома првично бараше 25 милиони евра, но после преговорите одлучиле цената да ја спуштат на 20 милиони, што и понатаму е многу за Интер кој нуди 13 милиони евра.

Од Интер се обидуваат трансферот да го реализираат до 8-ми јули кога ги започнуваат подготовките, а Рома исто така е под притисок бидејќи напаѓачот влегува во последната година од договорот.

https://youtu.be/w-eTsSQV02k

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…