Рома од почетокот на преодниот рок продаде тројца важни фудбалери (Салах, Рудигер и Паредес) и инкасираше повеќе од 100 милиони евра, а сеуште нема донесено адекватни замени.
Навивачите на „волчицата“ поради тоа се незадоволни, но раководството најави дека ќе пристигнат големи засилувања до крајот на преоднриот рок.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Како што пренесува „Газета дело Спорт“ примарна трансфер цел на Рома во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.
Марсијал минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Мурињо, а оваа сезона со новите засилувања таа може додатно да се намали, па и самиот е решен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
„Волчицата“ сака да го донесе Марсијал на едногодишна позајмица, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на „црвените ѓаволи“.
Притоа, како засиливање во дефанзивата Рома го сака Настасиќ од Шалке и е спремна да понуди 12 милиони евра за неговиот потпис.