Шпанецот пристигна во Рим, се чекаат медицинските прегледи и потпис на договор на три години.
Рома го заврши и второто засилување во летниот преоден рок, но овој пат тоа е фудбалер со поголемо искуство. После младиот Хрват Анте Чориќ, Римјаните го обезбедија стоперот на
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Порто, Иван Маркано, кој во клубот пристигнува како слободен играч.
Искусниот Шпанец во редовите на новиот шампион на Португалија одигра 157 натпревари за четири сезони и постигна 14 погодоци, а со Рома се очекува да потпише договор на три години.
„Ива денес пристигна во Рим. Не можам да ви кажам дека официјално потпиша, со оглед на тоа дека треба да ги помине медицинските прегледи“, изјави директорот за односи со јавноста на римскиот клуб Џани Касталди.
Маркано во Рим би требало да заработува околу два милиони евра годишно. Тој во Порто беше еден од столбовите и овој клуб се обидуваше да го задржи, беа спремни да значително да му ги подобрат примањата, но сепак понудата од Рим беше подобра.