Рома е најактивниот клуб на трансфер пазарот ова лето и веќе донесе девет нови засилувања, но не мисли да застане.
Италијанските медиуми пренесуваат дека следната голема желба на „волчицата“ е играчот за врска на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец, Матео Ковачиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спортскиот директор Мончи веќе стапил во контакт со агентот на Ковачиќ, кој јавно потврди дека сака ова лето да го напушти Реал Мадрид во потрага по поголема минутажа.
Ковачиќ е сака да се врати во Серија А и е спремен да и каже ДА на Рома, но проблем може да биде сумата од 50 милиони евра која „кралевите“ ја бараат како обештетување за Хрватот.