Рома би можела да заврши голема работа во летниот преоден рок.
Екипата на Рома е блиску до пласман во Лигата на шампионите каде што оваа година игра полуфинале против Ливерпул (5:2 пораз во првиот натпревар). Оваа сезона „волчицата“ има 4 бода повеќе од Интер на три кола пред крајот на првенството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Рома, Мончи неодамна изјави дека бил приморан минатото лето да го продаде Салах поради финансискиот фер плеј, но како што потврди со таков проблем нема да соочат ова лето.
„Сега ситуацијата во клубот е поинаква од пред една година. Се зависи од клубот, продажбите зависат само од клубот“, изјави Мончи.
Клубот оваа сезона со играњето во Лигата на шампионите од ТВ правата и бонусите заработи огромни 82 милиони евра. Треба да се истакне дека во оваа сума не се пресметани приходите од влезниците и спонзорите.
Значи, барем според зборовите на Мончи пордажба на најдобрите ќе нема, а од друга страна во Италија веќе се пишува за можните засилувања.
Наводно Рома покажала сериозен интерес за Бразилецот и член на Бешикташ, Андерсон Талиска.
Талиска е во сопственост на Бенфика, а во Бешикташ настапува како позајмен фудбалер. Според медиуми, Рома веќе ја договорила сумата за која би можел да биде доведен Талиска и преостанува да се постигне договор само уште со фудбалерот.