Минатото лето Рома го доведе Пауло Дибала без обештетување, а сега сака уште една ѕвезда од Јувентус.
Имено, Рома покажува силен интерес за Хуан Квадрадо, кој е на излезна врата од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Колумбиецот истекува на крајот на сезоната, а нема најави за негово продолжување.
Рома сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Олимпико“ без обештетување, па веќе стапила во контакт со неговиот агент.
Мурињо верува дека Квадрадо одлично ќе се вклипи во тимот бидејќи може да игра на неколку позиции и дека се уште може да игра на врвно ниво.