Дома Трансфер зона Ал-Наср го сака соиграчот на Роналдо од Јувентус

Ал-Наср го сака соиграчот на Роналдо од Јувентус

Новиот клуб на Кристиано Роналдо, Ал Наср е силно заинтересиран за неговиот соиграч од Јувентус, Хуан Квадрадо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Колумбиецот со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па Ал-Наср сака да ја искористи ситуацијата.

Саудискиот клуб наскоро ќе стапи во контакт со агентот на Квадрадо и ќе презентира богата понуда, па не е исклучено Квадрадо да ја напушти Европа и да му се придружи на Роналдо.

Ал-Наср сака да направи респектабилен тим и е заинтересиран и за други ѕвезди, како Нголо Канте и Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…