Дома Фудбал Италија Рома и Милан го бојкотираат „Кориере дело Спорт“: Забрана за нивните новинари

Рома и Милан го бојкотираат „Кориере дело Спорт“: Забрана за нивните новинари

Утринава „Кориере дело Спорт“ излезе со насловна страна која ги шокира сите во италија и беше окарактеризирана како расистичка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целата јавност во Италија го нападна весникот, а Милан и Рома први презедоа конкретни чекори и излегоа со заедничко соопштение.

Двата клуба објавија дека на новинарите на „Кориере дело Спорт“ им е забранет влез на стадионот, на тренинзите, пресконференциите…

„Веруваме дека играчите, клубовите, навивачите и сите медиуми мора да бидат обединети во борбата против расизмот и мора да преземеме одговорност кога ќе погрешиме. За овој „Црн петок“ наслов во весниците, Милан и Рома одлучија да им забранат на новинарите на „Кориере дело Спорт“ да ги следат сите случувања и да влегуваат на стадионите каде играат нашите клубови до крајот на оваа година. Исто така нашите играчи нема да даваат изјави за овој весник“, порачаа од Милан и од Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…