Хесе Родригез оваа зима сигурно ќе го напушти ПСЖ после само шест месеци, а главни конкуренти за неговиот потпис се Лиеврпул и Рома.
ПСЖ е согласен да го пушти шпанскиот репрезентативец на позајмица, па двата европски гиганти сега водат битка за неговиот потпис.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Се споменуваше Лас Палмас како следна дестинација на Хесе, но претседателот на оваа екипа, Мигуел Анхел Родригез изјави дека немаат доволно финансиски средства да негивата плата.
Јирген Клоп бара засилување на крилните напаѓачки позиции, а токму Хесе би можел да биде новиот фудбалер на „црвените“ кој ќе помогне во трката за титулата во Премиер лигата.
Сепак, Ливерпул ќе има силна конкуренција во Рома која исто така го сака екс играчот на Реал Мадрид.