Дома Фудбал Италија Рома испушти предност од два гола, Киево со бодот „Олимпико“ се уште во негатива (видео)

Рома испушти предност од два гола, Киево со бодот „Олимпико“ се уште во негатива (видео)

Екипите на Рома и Киево со натпреварот од 12:30 ја отворија неделната програма во италијанската Серија А.

Избраниците на Еусебио Ди Франческо иако имаа предност од 2:0 после првите 45 минути на крајот мораа да се задоволат само со бод.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома започна напаѓачки од самиот старт, а таквата игра им донесе резултат уште во 10-тата минута кога Ел Шарави постигна гол за предност од 1:0. Дваесетина минути подоцна новајлијата Кристанте после одличната асистенција на Џеко погодува за 2:0.

Киево и во првиот дел успеваше да создаде по некоја прилика, но на полувреме „волчицата“ однесе солидна предност.

После само седум минути игра во вториот дел Валтер Бирса со вистинско ремек-дело намали на 2:1.

„Студениот туш“ на „Олимпико“ стигна во финишот од средбата.

На седум минути пред крајот на натпреварот после една конфузна реакција на одбраната на „волчицата“ Степински успеа да погоди за 2:2.

После овој натпревар и четири одиграни кола во Серија Рома има учинок од осум освоени бодови , додека Киево поради казната која ја заработи е последен на табелата со негативно салдо од -1 бод.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…