Дома Трансфер зона Рома испрати понуда за Сусо, Милан експресно ја одби

Рома испрати понуда за Сусо, Милан експресно ја одби

Рома е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. „Волчицата“ до сега привлече 11 нови фудбалери, но не мисли да застане.

После пропаднатиот трансфер на Малком, Рома сака да донесе уште еден крилен напаѓач, а прва мета е играчот на Милан, Сусо.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Спортскиот директор на Римјаните, Мончи е решен да го привлече Сусо и веќе се сретнал со агентот на Шпанецот Алесандро Лучи за да разговара за можниот премин на крилото на „Олимпико“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома испратила понуда од 15 милиони евра плус Диего Пероти, но Милан експресно ја одбил истата.

Имено, „росонерите“ не ни помислуваат да се разделат со Шпанецот и ја известиле Рома дека Сусо не е на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…