Дома Трансфер зона Рома е во криза – продава три млади ѕвезди

Рома е во криза – продава три млади ѕвезди

Пандемијата од коронавирус предизвика сериозни финансиски проблеми кај многу клубови ширум Европа, а медиумите на Апенините тврдат Рома ќе биде приморана да ги продава своите ѕвезди.

„Волчицата“ има сериозни финансиски проблеми, а бидејќи пропаднаа преговорите за доаѓање на нов сопственик клубот ќе мора да ги продава своите најдобри играчи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ тврди дека Рома ќе продаде три млади ѕвезди за кои постои интерес од многу европски гиганти. Станува збор за Ченгиз Ундер, Џастин Клајверт и Патрик Шик.

Рома ќе направи се за да ја задржи најголемата своја ѕвезда Николо Заниоло, на кого ќе го гради тимот во иднина.

На излезна врата од Рома се уште неколку фудбалери како Пероти, Пасторе, Флоренци… што значи дека ова лето ќе гледаме голема реконструкција на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…