Рома денес официјално го претстави второто летно засилување, а станува збор за дефанзивецот Иван Маркано.
31-годишниот стопер доаѓа од Порто, но како слободен агент, откако му истече договорот со португалскиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дефанзивецот вчера вечерта пристигна во Италија, а утринава успешно ги помина медицинските тестови.
„Фудбалскиот клуб Рома со задоволство го објавува привлекувањето на шпанскиот дефанзивец Иван Маркано. Тој потпиша тригодишен договор кој ќе важи до 30 јуни 2021 година. Договорот, исто така, вклучува опција за четврта година – клаузула која автоматски ќе се активира кога ќе се исполнат одредени услови“, соопштија од клубот.
Маркано е второто засилување за Рома ова лето, после хрватскиот талент Анте Чориќ.