Сега веќе поранешниот спортски директор на Рома, Мончи не успеа да пронајде решение на „Олимпико“ откако клубот го напушти Алисон Бекер.
На „Олимпико“ пристигна Робин Олсен од Копенхаген, но не се прослави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа минатата сезона минути доби и искусниот Антонио Миранте кој исто така пристигна во Рома минатото лето и за кого беше наменета позицијата резервен голман.
Прашањето чувар на мрежата е едно од оние кои се поголем проблем за Рома, а изгледа дека луѓето во „волчицата“ конечно пронајдоа решение.
Имено, „Калчомеркато“ денес пишува дека трансферот на одличниот голман на Бетис Пау Лопез е договорен и дека тој во понеделник ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи. Споменатите најави ги потврдува и „Скај Спорт Италија“.
Откако ќе ги помине лекарските прегледи 24 годишниот Пау Лопез со Рома би требало да потпише договор на пет години. Се очекува трансферот да изнесува околу 30 милиони евра.