Дома Фудбал Германија Родригез: Оваа сезона сакаме да ја освоиме ЛШ

Родригез: Оваа сезона сакаме да ја освоиме ЛШ

Колумбијецот Џејмс Родригез јасно даде до знаење дека во новата сезона амбициите на Баерн се поголеми од претходната.

Баварците претходната сезона го освоија само насловот во домашното првенство, а Родригез и друштвото се свесни дека тоа не смее да се повтори за клуб како Баерн.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Лига на шампиони е доста тешко натпреварување, но тим како Баерн мора да оди на тоа да го освои трофејот. Небитно кој е противник , секогаш мора да играме на победа.“ – изјави Родригез и додаде:

„Во првенството најсериозен противник ќе ни биде Борусија. Но, фокусирани сме на себе, целта ни е да бидеме најдобри.“

Родригез минатата сезона за Баерн одигра 39 натпревари, а притоа запиша осум погодоци и 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од недопирлив до понижен: Мбапе лично му кажа дека е најдобро да го напушти Реал

Не така одамна, Французинот беше незаменлив дел од почетниот состав на Реал Мадрид. Негово…