Фудбалерите на Ливерпул вчера во големото дерби во Премиер лигата го победија Челзи со 2:0 и така ја продолжија трката со Манчестер Сити за шампионската титула.
Ливерпул води голема борба со Манчестер Сити за титулата шампион на Англија, а вчера пред своите навивачи успеа да слави во дербито со „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред овој натпревар многу се зборуваше за натпреварот помеѓу овие два клуба од 2014 година кога исто така се одлучуваше титулата, но тогаш Челзи го шокираше Ливерпул на „Енфилд“ и однесе три бода. Тој натпревар беше обележан со грешката на Џерард кој се лизна и поклони гол на Челзи.
Навивачите на Ливерпул вчера на момент веруваа дека ќе им се повтори таков случај, овој пат во центарот на вниманието беше Робертсон, но за нивна среќа Челзи не ја искористи неговата грешка.
Robertson plays tribute to Gerrard's slip, fortunately it's Higuain not Demba Ba running through!! #LIVCHE pic.twitter.com/CjiVpXSsgt
— 민이차 (@yasminicha) April 14, 2019
На социјалните мрежи се појави видео со споредба на двете ситуации, изгледаат навистина слично.