Арјен Робен по десет години ќе ги напушти редовите на Баерн Минхен.
Искусниот 35-годиен фудбалер не го продолжи договорот и тој ова лето е слободен играч. Иако веќе е во доцните играчки години, многу тимови со задоволство би го виделе во своите редови, а меѓу нив е и португалскиот шампион Бенфика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Робен доби многу интересна понуда од Бенфика. Наводно, таа е многу интересна и на крајот Холанѓанецот кариерата би можел да ја продолжи во овој тим. Понудата од португалскиот шампион е многу атрактивна. Робен би имал шанса и понатаму да игра на високо ниво, Лигата на Шампионите се уште е голем предизвик и ќе видиме дали на крајот ќе се одлучи на овој трансфер.
Се разбира, има уште неколку клубови кои го сакаат. Ајакс е еден од нив, но амстердамскиот тим се уште не испратил официјална понуда, а се споменува и заминување во САД.