Тимот на Вардар најави промени во раководниот дел кои ќе бидат соопштени на утрешната прес-конференција од 11:00 часот.
На утрешната прес-конференција од 11:00 часот црвено-црните ќе ја најават сезоната и ќе ги откријат структуралните промени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тема на прес-конференцијата ќе бидат почетокот на подготвките, новостите во клубот за сезоната што доаѓа, како и персоналните промени во раководниот и спортски дел. На прес-конференцијата ќе бидат присутен Михајло Михајловски, генералниот менаџер на клубот, заедно со претставници од тимот“, се вели во соопштението на клубот“, соопштија вардарци.
Од играчкиот кадар познато е дека Вардар ќе го засилат: Николиќ, Петриќ, Ѓукиќ, Срдановиќ, Нилтон Мело, Косуке Јасухира и Ансер Родригез.