
Македонија со 26 фудбалери ќе ги дочека ноемвриските предизвици во Б-дивизијата од Лигата на нации. Гоце Седлоски го соопшти изборот за двата натпревара, прво против Шкотска на гости, а потоа со Словенија во Скопје.
Репрезентативниот прозорец започнува на 13 ноември во Глазгов. Три дена подоцна, на 16 ноември, македонската селекција ќе ја пречека Словенија на Националната арена „Тодор Проески“.
Во тимот повторно се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов. Повик доби и напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, кој е еден од четворицата играчи во напаѓачката линија на списокот.
Седлоски за овој двомеч ги повика следниве фудбалери:
- Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески.
- Одбрана: Никола Серафимов, Анес Мељичи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езѓан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски и Стефан Деспотовски.
- Среден ред: Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атансов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски и Лука Станковски.
- Напад: Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.
Фото: Република