Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Вардар пушти во продажба сезонски билет – ако бидете побрзи ќе добиете и брендирана маичка!

РК Вардар пушти во продажба сезонски билет – ако бидете побрзи ќе добиете и брендирана маичка!

Со цел да им излезе во пресрет на многубројните барања на навивачите, РК Вардар 1961 пушта во продажба СЕЗОНСКИ БИЛЕТ за сите домашни натпревари на „црвено-црните“.

Со еден билетот во сезоната 2023/2024 ќе може да се следат домашните натпревари од првенството на Македонија (групна фаза и разигрување), Куп натпреварите на кои е домаќин Вардар, како и мечевите од СЕХА лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема чекање пред билетарница, купување онлајан или на продажните места. Сезонскиот билет ви овозможува брз влез во салата и избирање на вашето посакувано место блиску до теренот.

Првите 500 што ќе купат сезонски билет ќе добијат и брендирана НАВИВАЧКА МАИЧКА од РК Вардар1961

Продажбата на сезонските билети ќе се врши преку КУПИКАРТИЗАСЕ и нивната продажна мрежа.

ТУКА.

Цената на сезонскиот билет за сите натпревари на РК Вардар е 1.200 денари

За влез во салата ќе биде доволно да имате билет, испринтан ваучер или пак да го покажете купениот ваучер во ПДФ на вашиот мобилен телефон.

Потоа сезонските билети ќе бидат заменети со пластифицирани картички кои ќе важат цела сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…