Дома Фудбал Ристовски разочаран по новиот пораз на Динамо: Мислам дека првото место е изгубено

Ристовски разочаран по новиот пораз на Динамо: Мислам дека првото место е изгубено

Динамо Загреб загуби и втор последователен натпревар во Конференциската лига. Викторија Плзен го победи со 0:1 во Загреб. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Томаш Чори во 69. минута од пенал.

Викторија по оваа победа е убедливо прва со девет бода, додека Динамо е втор со три бода, исто толку колку Балкани и Астана.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Кога не постигнуваш гол, ќе примиш. Рековме дека не треба барем да примиме гол. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо за лошите резултати во последно време. Мораме да се освестиме дека го носиме дресот на Динамо. Мора да го оправдаме“, рече Стефан Ристовски и додаде:

„Викторија е европски тим кој знае како да игра вакви натпревари. Тоа не не изненади. Мораме да се опоравиме за следните натпревари. Мислам дека првото место е изгубено. Но, би било тажно ако не одиме понатаму“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…