Дома Македонски спорт Ристовски по натпреварот во кој беше херој до новинарите: Вие знаете дури и повеќе од мене!

Ристовски по натпреварот во кој беше херој до новинарите: Вие знаете дури и повеќе од мене!

Maкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше херој за Динамо во вчерашниот натпревар против

Осиек во кој во 95. минута го постигна голот за победа на гигантот од Загреб.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


По натпреварот Ристовски истакна дека е среќен за погодокот и победата на тимот.

„Среќен сум што конечно го постигнав овој гол. Најважно е што победивме на овој исклучително тежок терен. Мило ми е што верувавме до самиот крај. Ние сме тим кој го има тој победнички менталитет и треба вака да продолжиме“, изјави Ристовски.

Но, на прашањето за неговиот статус во тимот даде ироничен одговор со кој покажа дека им е лут на новинарите.

„Што знам…вие новинарите најдобро знаете. Знаевте се за мојот трансфер и подобро од мене, па ништо не ме ни прашувате“, одговори Ристовски.

Не е потврдено, меѓутоа Ристовски веројатно алудираше шпекулациите кои го поврзуваа со Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …