Македонската фудбалска репрезентација денес ја одржа прес-конференцијата пред натпреварот со Малта со кој ги стартуваме квалификациите за Европското првенсво во 2024 година.
Покрај селекторот Благоја Милевски пред новинарите зборуваше и капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играме во една од најтешките групи. Претходно имамвме проблеми со повреди, голем дел не бевме тука, се надевам така нема да биде во овој циклус. Најпрво се надевам дека ќе бидеме сите здрави до крајот на годината. Ќе одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ќе биде добро ако утре отвориме со победа, тоа би додало дополнителен ,,ветер во грб”.
Малта во Скопје гостува утре од 20:45 часот, додека во понеделник во слободниот термин ќе одиграме пријателски натпревар со Фарски Острови, исто така во Скопје.