Заменик капитенот на репрезентацијата на Македонија Стефан Ристовски запиша асистенција во победата на Спортинг против турски Башакешир, а денес португалските медиуми објавија дека дефинитивно ќе потпише нов договор со Спортинг.
Ристовски пред две ипол години дојде во Спортинг од Ријека и има договор до летово, но и клазула во него Спортинг ако сака да му продолжи соработката. Раквоодството на Спортинг сега донело одлука да го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Медиумот „Рекорд“ е медиум кој важи за близок до португалскиот клуб, па сега се очекува само официјализирање на соработката.