Дома Фудбал Англија Ривалите го „крадат“ со години, а сега почнаа и навивачите: Ограбен фан-шопот на Арсенал

Ривалите го „крадат“ со години, а сега почнаа и навивачите: Ограбен фан-шопот на Арсенал

Целата ситуација околу Арсенал сега изгледа малку трагична. Ливерпул ги победи 4:0, имаат три бода од три кола, Алексис Санчез сака да си замине, Челзи и Ливерпул се „тепаат“ за Окслајд Чемберлен, Киран Гибс си замина во ВБА, Мустафи си заминува во Интер, а навивачите се лути на Венгер и управата.

Кога ќе помислиш дека неможе да биде полошо, секогаш може. Така неидентификуваните сторители ноќеска влегле во фан шопот на Арсенал кој се наоѓа на „Емирати“ и со себе си зеле голем број на артикли.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


 

„Полицијата беше повикана во 23:37 и по пристигнувањето  затекна скршена врата. По увидот беше констатирано дека украдени се многу работи, но се уште не знаме колку точно. Крадците избегале со автомобил или два мобеди“, објави лондонската полиција.

Крадците ја скршиле металната врата, ја уништиле продавницата и побегнале во непозната насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ужасно деби за екс-фудбалерот на Арсенал – по шест минтуи доби тешка повреда и ја заврши сезоната! (Видео)

Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко ја доживеа несреќа на своето прво искуство во дрес…