Неколку Ф1 тимови официјално доставија писмено барање до Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) во кое се сомневаат во легалноста на моторот на Ферари.
Имено, конкурентите на „Скудерија“ сакаат одговор на прашањето дали дизајнот на моторот на Италијанците е според правилата со цел да започнат да развиваат свои слични концепти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ферари направија значаен исчекор во нивниот настап по летната пауза во Формула 1. Клучот се верува дека е во аеродинамичните промени на тимот. По паузата, со СФ90 беа освоени сите пет квалификации и три натпреварувања. Предниот дел на погонската единица, сепак, достигнува сериозни 0,8 сек на некои патеки.
Иако Мерцедес стигна до шестата титула во низа кај конструкторите, и е блиску до нова титула за Луис Хамилтон, тимовите се загрижени дека во 2020 со оваа брзина Ферари ќе биде незапирлив.
Ова не е првпат Ферари да е под „лупата“ на ривалите. Минатата сезона имаше протест околу нивната имплементација на ЕРС системот и на системот на акумулатори, но ФИА даде „зелено светло“.