Фудбалерите на Баерн забележаа победа против големиот ривал Борусија Дортмунд со 4-1 во дерби дуелот од 28.коло на германската Бундес лига.
На средбата кој се играше во Минхен, по два гола за домашниот тим ги постигнаа Франк Рибери (4 и 49.минута) и Роберт Левандовски (10 и 68) вториот од пенал. Почесниот гол за гостите од Дортмунд го постигна Рафаел Гуереро (20).
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На средбите одиграни претходно, беа постигнати овие резултати: Келн – Борусија Менхенгладбах 2-3, Фрајбург – Мајнц 1-0, Хамбургер – Хофенхајм 2-1, Лајпциг – Баер Леверкузен 1-0, Шалке – Волфсбург 4-1 и Ајнтрахт – Вердер 2-2.
Последните две средби од ова коло, Херта – Аугсбург и Инголштат – Дармштат, ќе се играат утре.
Табела: аерн Минхен 68 бодови, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Фрајбург 41, Келн 40, Херта 40, Борусија Менхенгладбах 39