Во текот на сезоната, Карло Анчелоти имаше големи проблеми со отсуство на важни играчи, а репрезентативната пауза донесе нови проблеми за италијанскиот стратег.
Клупските тренери често пати се соочуваат со проблем кога нивните играчи играат за репрезентациите. Анчелоти сега доби лоши вести од пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Чиле каде што се повредил, Едуардо Камвинга.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Камвинга го напушти теренот предвреме и во придружба на медицинскитот тим тешко се движеше и беше очигледно дека му е повредена левата нога.
Камвинга е важен играч за Реал и доказ се 32 настапи во кои собра над 2.000 минути. Анчелоти го користи на неколку пзоции, меѓутоа сега стравува дека ќе го пропушти натпреварот од првенството против Атлетик Билбао.