Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи би можел да добие големо засилување.
Пепе Реина веорјатно наскоро ја завршува својата епизода во Наполи и заминува на крајот од сезоната, неговиот договор со Наполи истекува на крајот од сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа Маурицио Сари веројатно ќе остане без својот прв чувар на мреѓата, а според пишувањето на медиумите на Апенините нема да има потреба премногу да се грижи.
Имено, Наполи има прилика да го доведе првиот голман на репрезентацијата на Португалија и долгогодишниот чувар на мрежата на Спортинг Лисабон, Руи Патрисио.
Португалецот има прилика после 17 години да го напушти Лисабон и да се проба во некоја квалитетна лига. Доколку Патрисио навистина сака да се пресели во Италија, ова за Наполи е шанса која не смее да ја пропушти.