Екипите на Барселона и Севиља би можеле да соработуваа веќе во зимскиот преоден рок.
Споретскиот директор на Севиља, Оскар Ариас, не ја отфрла можноста веќе во зисмкиот преоден рок Алеш Видал да го засили тимот од Андалузија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Видал ја нема довербата на Ернесто Валверде, кој на десната бековска позиција ги користи Нелсон Семедо и Серхио Роберто, па не е исклучена можноста Видал да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
„Не е лесно да доведувате фудбалери во зимскиот преоден рок. Во текот на летото клубовите се многу повеќе отворени за преговори, но ќе видиме што ќе се случи. Видал од неговото заминување повеќе пати се поврзуваше со враќање во клубот“, изјави Ариас.
Видал за Севиља настапуваше од 2013 до 2015 година, за потоа да премине во Барселона за сума од 18 милиони евра.