Во македонската Трета лига вчера се играше дербито помеѓу Арачиново и Куманово кое на крајот заврши со победа од 3:0 за домаќините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, по овој натпревар Куманово преку соооштение се обрати до јавноста и ФФМ тврдејќи дека во Арачиново сериозно била доведена во прашање нивната безбедност.
„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ, луѓето кои требаше да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири, почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот.
Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи каде што беа нашите фудбалери и почнаа да се закануваат и вербално да ги малтретираат нашите фудбалери. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето“, стои меѓудругото во соопштението на кумановци.