Иднината на Герет Бејл ќе биде „жешка тема“ ова лето откако Велшанецот најави заминување од Реал Мадрид.
Бејл веше херној на „кралевите“ во финалето од Лигата на шампиони, а после мечот изјави дека ќе разговара со својот агент за иднината, што беше старт на шпекуалциите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според „Мирор“, Реал нема да му стои на патот на 29-годишниот Велшанец и веќе му посатвил цена. Весникот тврди дека „кралевите“ за неговиот потпис ќе бараат 200 милиони евра, што е нереално дека некој клуб ќе се согласи да ја плати таа сума.
Најсилен интерес за Бејл покажува Манчестер Јунајтед, кој е спремен да му понуди договор „тежок“ 650.000 фунти неделно.
Во следните две недели агентот на Велшанецот, Џонатан Барнет ќе се сретне со претседателот на Реал, Флорентино Перез за да разговара за иднината на Бејл.
Интерес за Бејл покажува и Баерн Минхен, а некои медиуми тврдат дека играчот преферира преселба во Минхен.