Во Мадрид знаат дека од Лондон ќе пристигне негативен одговор на оваа понуда, но официјално започна проверувањето на „пулсот“ од страна на „кралевите“.
Реал Мадрид ги направи првите конкретни чекори во преговорите со Челзи околу купувњето на Еден Азар. Како што пренесува лондонски „Сан“, „кралевите“ ја испратие првата понуда која изнесува 82 милиони евра (70 милиони фунти).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кралскиот клуб на овој начин ја стави управата на „сините“ под сериозен притисок поради забраната за регистрација на играчи на клубот од „Стемфорд Бриџ“ до јуни 2020 година. Ова значи дека во случај Азар да замине не би можеле да доведат негова адекватна замена. Сепак, друг проблем е желбата на Белгиецот да заигра во Мадрид и неговиот договор кој истекува на лето во 2020 година.
Според тоа ова ќе биде последна шанса на Реал Мадрид да заработат од продажбата на Азар.
Враќањето на Зинедин Зидан во Мадрид сигурно дека е дополнителна причина Азар да сака трансфер и тоа сигурно ќе биде отежнувачка околност за управата на Челзи.
Како што споменавме во Мадрид знаат дека од Лондон ќе пристигне негативен одговор на оваа понуда, но сигурно дека најавуваат посериозен напад за во летниот преоен рок. Ќе потсетиме Реал Мадрид после враќањето на Зидан вчера го потврди првото засилување. Едер Милитао од Порто за 50 милиони евра ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.