Дома Топ вести Реал тргнува по еден од најбараните таленти во Европа

Реал тргнува по еден од најбараните таленти во Европа

Реал Мадрид е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми.

19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот, роден во 2002 година од мајка Романка и татко Нигериец, дебитираше за германската репрезентација во септември, и важи за еден од најголемите талени во Европа.

Реал Мадрид ќе има жестока конкуренција бидејќи за Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ и Ливерпул, но „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Младиот напаѓач оваа сезона има одиграно 20 меча на кои постигна 14 гола и запиша 2 асистенции, а Салцбург за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …